Зеленски до нацијата: Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, се обрати до јавноста откако шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднесе оставка.
На социјалната мрежа Фејсбук, Зеленски нагласи дека Русија „едвај чека Украина да направи грешки“, но порача дека Украина нема да потклекне.
„Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина. Мора да стоиме заедно. Мора да издржиме. Друг избор нема“, рече Зеленски.
Зеленски му се заблагодари на Јермак за досегашната работа и најави дека во наредните денови ќе изврши консултации за нов шеф на кабинетот.
Досега Зеленски одолеваше на притисоците да го смени Јермак, а според извештаите на светските медиуми, нивниот однос бил близок.
За време на владеењето на претседателот, Јермак долго време важеше за еден од најмоќните луѓе во Киев.
ЕУ ја опомена Украина дека треба да се бори против корупцијата.
фото принтскрин
