ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина
Сè уште ве чекаме, му порача украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого го кани да ја посети Украина. Но, одговор од Џеј Ди Венс нема засега.
Во интервју за списанието Тајм (Time), Зеленски изјави дека му предложил на Венс да ја преиспита својата одлука да не патува во Украина додека трае војната. Ди Вeнс изјави дека Украина се потпира на присилна мобилизација.
На тоа, Зеленски одговори со прашање: „Дали некогаш сте биле во Украина за да зборувате за нашите проблеми?“.
На ова Венс му рече дека ги следи информациите. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Слично
