Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски: Дефинитивно ќе издржиме, дефинитивно ќе победиме

Зеленски: Дефинитивно ќе издржиме, дефинитивно ќе победиме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, при денешната посета на Миколаев, градот на југот на Украина, изрази увереност дека „Украина дефинитивно ќе победи“.

Зеленски во Миколаев подели воени одликувања и се фотографираше со војниците во подземната скривница.

„Ова се нашите храбри луѓе. Секој од нив работи без престанок. Дефинитивно ќе издржиме. Дефинитивно ќе победиме“ – изјави Зеленски.

Руските сили дојдоа до предградието на Миколаев во почетокот на март, но Украинците успеаја да се одбранат и ги истераа Русите до источните и јужните граници на регионот. 

Слично

Поврзани вести