Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски да се самораспушти, вели Захарова и ги негира убиствата во Буча

Зеленски да се самораспушти, вели Захарова и ги негира убиствата во Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски да се самораспушти, вели портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. 

Таа зборуваше за изјавата на Зеленски, кој претходно во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, каде Русија како постојана членка има право на вето, му предложи на Советот да се самораспушти или да ја исклучи Русија. 

„Сега директно за изјавите на Зеленски за тоа дека некој таму треба да се самораспушти – тоа е многу интересна логика. Доколку човекот смета дека на структурата нешто не и оди во прилог тогаш му преостанува само еден излез – да се самораспушти, тогаш можеби и треба да го проба тој принцип но пред се на себе“, изјави Захарова.

Захарова изјави дека сликите на мртвите тела на улиците на украинскиот град Буча,  вели дека биле поставени, биле дизајнирани да ги оправдаат дополнителните санкции кон Москва и да ги нарушат мировните преговори со Киев.

Но, украинската страна јавува и за исчезнати 400 луѓе во Хостомел. 

Слично

Поврзани вести