Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски бара точен датум кога Украина ќе влезе во ЕУ

Зеленски бара точен датум кога Украина ќе влезе во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во Европската Унија(ЕУ).

Зеленски изјави дека бара мировниот договор да содржи конкретен датум за пристапување на Украина во Европската Унија, бидејќи во спротивно Русија, преку своите претставници, ќе се обиде да го забави овој процес.

„Сакам точен датум. Ве уверувам, ако договорот, кој го потпишаа Америка, Русија или (рускиот претседател Владимир) Путин, јас како претседател на Украина и Европа, нема датум, Русија подоцна ќе направи сè за да го блокира процесот. И не мора со свои раце, туку со рацете на одредени претставници на Европа“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој посочи дека пример за таква ситуација е денешната неможност за отворање преговарачки групи. Инаку, унгарскиот премиер Виктор Орбан се противи на идејата Украина да влезе во ЕУ.

Украина би можела да се приклучи на Европската Унија(ЕУ) на „обратна“ основа – прво членство со ограничени привилегии, а потоа негова надградба.

Службениците на ЕУ го усовршуваат планот за Украина да се приклучи на блокот до крајот на следната година, водени од мотото „каде што има волја, има и начин“ и, доколку биде успешно имплементиран, тоа би бил невидено брз процес на пристапување.

Руската инвазија на Украина почна пред четири години. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести