Зеленски бара светот да реагира откако се појавија видеа на кои Русите обезглавуваат украински војници
Украина бара светот да реагира откако се појавија видеа како руски војници обезглавуваат украински војници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги нарече „ѕверови“ оние кои наводно ги обезглавувале украинските војници прикажани во две видеа што се појавија на социјалните мрежи минатата недела, пишува Си-Ен-Ен.
„Има нешто што никој во светот не може да го игнорира: колку лесно убиваат овие ѕверови. Ништо нема да заборавиме. Ниту ние ќе им простиме на убијците. За сè ќе има законска одговорност. Поразот на теророт е неопходен“, рече тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска рече дека видеото е „страшно“, но мора да се провери автентичноста на видеото.
Се чини дека видеата се од одделни настани. Едното од нив веројатно е снимено неодамна, додека другото, според зеленило што се гледа на земјата, изгледа како да е снимено во текот на летото, пишува Си-Ен-Ен.
Првото видео, кое беше објавено на проруски канал на социјалните мрежи на 8 април, наводно било снимено од руски платеници од групата Вагнер и се чини дека ги прикажува обезглавените трупови на двајца украински војници како лежат на земја до уништено воено возило. Дарија Заривна, советник на шефот на Кабинетот на Зеленски, во средата рече дека видеата се дел од психолошка операција „со цел заплашување“.
Претходно, руските сили го убија украинскиот војник Олександр Мациевски. Видеото од неговото стрелање се појави во јавност во март. Украинците направија мурал на Мациевски на зграда. Тој бил жител на Молдавија, а неговата мајка кажа дека многу тешко го прифатила грозоморното видео, но нејзиниот син кажал дека никогаш нема да се откаже од намерата да ја брани Украина. Русија лани на 24 февруари ја нападна Украина.
фото принтскрин Твитер
