Зеленски бара помош за војната да заврши пред зимата
Војната мора да заврши пред почеток на зимата, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски побарал системи за противвоздушна одбрана, нови санкции за Русија и безбедносни гаранции. Воедно, побарал и помош за извоз на житото од Украина и за обнова на земјата, изјави европски функционер кој сакал да остане анонимен.
Toj денеска им се обрати на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите Држави преку видео врска, на вториот ден од тридневниот самит на Г7 во Германија.
Санкции се најавени и за руското злато, и тоа доведе брзо да скокне цената.
Најмалку две лица загинаа при напад на трговски центар во градот Кременчук.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина.
