Зеленски бара помош за да Одеса не биде како Мариупол
За да се спречи Одеса да ја доживее судбината на Мариупол, Украина бара оружје за да ги принуди руските трупи да се повлечат, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Вели дека им треба систем за воздушна одбрана против борбени авиони, артилерија и проектили.
„Ни требаат борбени возила и многу други работи кои Западот многу добро ги знае. Колку побрзо Украина ја добие оваа помош, толку повеќе животи ќе спасиме“, изјави претседателот.
Зеленски апелира рускиот народ да протестира против режимот на рускиот претседател Путин.
Мариупол е речиси целосно уништен, а во Одеса имаше неколку напади. Таму руските сили погодија складиште на нафта. Во Мариупол руските трупи погодија родилиште, театар, и други витални објекти, при што загинаа многу цивили.
Слично
