ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПОМОШ: Америка, Британија, Франција и други партнери имаат сила да ни помогнат да го сопреме теророт
Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара помош од европските авијации и вели дека ако функционира на Блискиот Исток, треба и во Европа.
Зеленски побара денес помош од воздухопловните сили на европските држави да ги уништат ракетите и дроновите по денешниот масовен руски воздушен напад на цели во Украина.
„Во различни региони на Украина би можеле да направиме многу повеќе за да ги заштитиме животите ако авијацијата на наште европски соседи работи заедно со нашите (ловци) Ф-16 и нашата противвоздушна одбрана“, порача Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека се потребни „решенија“.
„Америка, Британија, Франција и други партнери имаат сила да ни помогнат да го сопреме теророт. Потребни ни се решенија“, кажа украинскиот претседател.
Кажа Русија денес употребила повеќе од 100 проектили и околу 100 дронови, што е еден од најголемите напади на цели во Украина во последните месеци.
Најмалку четири лица загинаа, а повеќе се повредени во големиот руски напад утринава со ракети и беспилотни летала врз Украина.
Украина соопшти дека произведе ново оружје со долг дострел, што ќе му овозможи да гаѓа цели на руска територија без барање дозвола од сојузниците. „Палјаница“ има карактеристики на проектил и беспилотно летало.
foto EPA
