Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски бара Пекинг да остане неутрален и да не помага на Русија

Зеленски бара Пекинг да остане неутрален и да не помага на Русија

За Украина е важно Кина да не ѝ помага на Русија во војната. 

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вели дека Пекинг треба барем да остане неутрален. Зеленски рече дека би сакал Пекинг да им се придружи на земјите кои ја осудија руската инвазија.

„Кина засега балансира и е навистина неутрална и, да бидам искрен, таа неутралност е подобра отколку Кина да и се придружи на Русија“, рече Зеленски.

Тој се заблагодари на австралиската влада што ѝ ја пружи на Украина најголемата поддршка од сите земји кои не се членки на НАТО. Инаку, Кина досега одбиваше да го осуди рускиот напад врз Украина, но таа ги осуди санкциите наметнати од САД и ЕУ кон Русија, обвинувајќи го Западот дека ја провоцира Москва.

Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Русија била и останува подготвена да го реши украинскиот проблем по дипломатски пат, но Москва ќе го стори тоа под свои услови и тие ќе бидат исполнети на овој или оној начин, велат од Кремљ. 

Слично

Поврзани вести