ЗЕЛЕНСКИ БАРА МОМЕНТАЛНО ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА ВО ЕУ: „Сигурен сум дека тоа е можно“-вели во видео обраќањето
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика
Европската унија да и одобри
на неговата земја итно членство. „Апелираме до Европската унија за итно
пристапување на Украина по пат на нова специјална процедура“, рече 44-годишниот
лидер во новото видео обраќање.
„Нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно да бидеме рамноправни. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека тоа е можно“, додаде Зеленски.
Во меѓувреме во гратче на укаринско-белоруската граница во близина на реката Припјат со хеликоптер пристигна делегацијата од Украина на преговори за смирување на ситуацијата.
Кабинетот на претседателот Зеленски соопшти дека во делегацијата се:
Министерот за одбрана Алексеј Резников;
Шефот на фракцијата „Слуги на народот“, Давид Арахамија;
Заменик-министерот за надворешни работи Николај Точицки;
Советник на шефот на претседателскиот кабинет, Михаило Подољак;
Членот на Врховната Рада, Рустем Умеров;
Андри Костин, прв заменик-шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група.
ФОТО:ФБ
