Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски бара меѓународни набљудувачи на границата со Белорусија

Зеленски бара меѓународни набљудувачи на границата со Белорусија

Бараме меѓународни набљудувачи на границата со Белорусија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој се плаши дека Русија сака да ја вовлече Белорусија во војната. 

„Русија се обидува директно да ја вовлече Белорусија во оваа војна, со провокација дека наводно подготвуваме напад врз таа држава”, рече Зеленски. 

Украинскиот претседател ги повика земјите-членки од Групата седум да му помогнат на Киев да купи и распореди системи за ПВО, откако руските проектили сериозно оштетија енергетски постројки на Украина.

„Ве молам да ги зајакнете севкупните напори за финансиска помош за создавање на воздушен штит за Украина”, рече тој.

Зеленски им рече на лидерите на Г7 дека рускиот претседател Владимир Путин уште има „простор за ескалација”. Два дена имаше напади во повеќе украински градови, а загинаа 19 луѓе. 

Жителите на Киев се засолнија во метро станиците. 

Слично

Поврзани вести