Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ДА БИДЕ ОГРАНИЧЕНА ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА: Барелот да биде меѓу 30 и 40 долари!

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ДА БИДЕ ОГРАНИЧЕНА ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА: Барелот да биде меѓу 30 и 40 долари!

Цената на руската нафта што пристигнува по море треба да биде ограничена на 30 до 40 долари за барел, што е пониско од нивото предложено од Групата седум (Г7), изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Владите на Европската унија кои се обидуваат да ја ограничат способноста на Москва да ја финансира војната во Украина без да предизвика шок во снабдувањето со нафта се поделени околу притисокот на Г7 да го постави плафонот од 65 до 70 долари за барел, објави Ројтерс.

Одлуката треба да стапи во сила на 5 декември.

Лимитот што се разгледува денеска, околу 60 долари, мислам дека е вештачка граница“, рече Зеленски на прес-конференцијата.

Според него, санкциите треба да бидат многу ефективни за Русија да ги почувствува, така што границата е на ниво од 30 до 40 долари за барел.

Идејата зад ограничувањето на цената на нафтата е да се забрани превозните, осигурителните и реосигурителните компании да ракуваат со руската сурова нафта ширум светот, освен ако не се продава по цена пониска од цената што ја поставија Г7 и нејзините сојузници, соопшти агенцијата.

Полска, Естонија и Литванија се за многу пониска плафонска цена од 65-70 долари за барел, додека Грција, Кипар и Малта сакаат повисока плафонска цена, наведува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести