Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ: Киев нема да прифати никакви договори без наши претставници

ЗЕЛЕНСКИ:  Киев нема да прифати никакви договори без наши претставници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на земјата што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

Тој изјави дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.

„Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски.

Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва, додаде Зеленски.

„Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас“, вели Зеленски. 

Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските држави. Војната во Украина трае скоро три години. 

Слично

Поврзани вести