ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА НОВАВАКС: ЕУ ја одобри петтата вакцина против ковид, нус ефектите се умерени
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача условно
ставање во промет на вакцината на американската биотехнолошка компанија Новавакс против Ковид-19 кај лица над 18 години.
Тоа е петта вакцина препорачана во ЕУ за превенција од Ковид-19, а се базира на протеинот Sars-Cov 2 произведен во лабораторија и содржи супстанца која помага во зајакнувањето на имунолошкиот одговор на вакцината, посочува ЕМА во соопштението.
Според студиите спроведени во Соединетите Американски Држави и Мексико и Обединетото Кралство, ефективноста на вакцината се проценува на околу 90,4 проценти по втората доза која се прима три недели по првата вакцина.
ЕМА наведува дека клиничките испитувања покажале дека несаканите ефекти на Novavax обично се „благи или умерени“ и настануваат по неколку дена. Реакциите се речиси исти како и од останатите вакцини, а тоа се: болка на местото на убодот, замор, болки во мускулите, главоболка, општа малаксаност, гадење или повраќање.
