Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленчук вирее и во Вселената!

Зеленчук вирее и во Вселената!
Руски астронаути извршиле прва берба на зеленчук, кој го засадиле на Меѓународната вселенска станица. Научниците потврдуваат дека „вселенските“ плодови се сосема добри за јадење. „Експериментот со грашокот е посебно ветувачки. Астронаутите успеале да одгледаат јапонски зеленчук и пченица, чии зрна се со одличен квалитет“, изјави Маргарита Левински, научник од Институтот за биомедицински прашања при Академијата на науките во Москва. Руските астронаути планираат до следната година да насадат и ориз, домати и пиперки во стаклената градина на вселенската станица. Одгледувањето на овие култури првично има за цел на астронаутите да им обезбеди храна за време на повеќемесечниот престој на станицата, но и да се провери дали растенијата кои виреат во вселената се подложни на генетски промени.
Слично

Поврзани вести