Зелената енергија ја задушува индустријата
Поместувањето на германската енргетика кон обновливи извори веќе ја доведе тамошната економија на самата граница од она што себе може да си го дозволи, вели Сигмар Габријел, германски минситер за економија и енергетика. Поддршката на зелената енергија, според него, мора да ги помине суштинските реформи за да се спречи задушувањето на индустриското производство.
„Ги достигнавме границите на она што можеме да го очекуваме од нашата економија“, изјави министерот пред претставниците на гранките за енергетика на конференцијата на весникот Ханделсблат.
„Трансформацијата на енергијата има потенцијал за тоа да биде економски успешна, но моѓе и да доведе до драматичеен пад на индустријализацијата на нашата земја“, додаде Габријел, пренесува Ројтерс.
Тој оваа недела ќе и предложи на владата реформа на поттикот за обновливите извори на енергија.
Уделот на обновливите извори за производство на електрична енергија во Германија, минатата година, е зголемен на рекордни 23,4 отсто, покажуваат податоците на Здружението за енергетика и водостопанство. Најзначајниот извор на енергија и понатаму е јагленот, но опаѓа значењето на нуклеарната енергија, што е во соглсност со планот на Берлин, постепено да се откаже од нуклеарните електрани.
Рекордната висина минатата година ја достигна и поддршката на зелената енергија. Според податоците кои по Нова година ги објавија германските дистрибутери на струја, домаќинствата и малите претпријатија во таа земја, за поддршка на обновливи извори, платиле 21,8 милијарди евра. Тоа е најмногу во историјата. Четворочлено семејство, за поддршка на зелелната енргија, минатата година одвоило 220 евра.
А.А.
Слично
