Зелен бран продолжи на повеќето азиски берзи
Повеќето азиски пазари ја завршија сесијата со раст втор ден по ред, по уште едно рели во САД, иако инвеститорите ги следеа внимателно централните банки во регионот. Пазарите во Кина остануваат затворени до среда поради националните празници.
На „Wall Street“ технолошкиот „Nasdaq“ затвори со 1,5% раст, а „S & P 500“ и „Dow“ - со раст од 2%, поткрепени од очекувањата дека Федералните резерви ќе се воздржат од затегнување на монетарната политика оваа година по слабиот извештај за пазарот на трудот.
Јапонскиот индекс „Nikkei 225“ затвори на највисоко ниво од 17 септември наваму по раст од 1%, иако во текот на денот достигна пораст од 2%. Меѓу учесниците на пазарот има се повеќе шпекулации дека централната банка ќе објави нов круг од парични стимулации во овој месец, можеби уште во среда, поради намалување на растот и дефлација.
Меѓу компаниите кои најверојатно ќе добијат од склучувањето на Транстихоокеанското партнерство (TTP), се производителот на хемикалии „Nihon Nohyaku“ и на машински компоненти „Iseki & Co“, чии акции поскапеа за 2% и 0,5%.
Цената на акциите на производителот на земјоделска опрема „Kubota“ скокна за 3%, откако претходно достигна раст од дури 7%, поради веста дека компанијата може да се зголеми повеќе од двојно во мрежата за дистрибуција во Кина.
Австралискиот индекс „S & P ASX 200“ исто така затвори до највисоко ниво од две и пол недели со раст од 0,3%.
Од економските вести Канбера забележа трговски дефицит од 3,1 милијарди австралијански долари за август, што е многу над проектираниот дефицит од 2,5 милијарди австралијански долари.
Цените на акциите на „Rio Tinto и BHP Billiton“ се кренаа за над 1%, а оние на „Fortescue Metals“ скокнаа за 6%.
Акциите на „Worley Parsons“ исто така поскапеа за 6%, а оние на „Boart Longyear“ - за 3%.
Јужнокорејскиот индекс „Kospi“ ја заврши сесијата на највисоко ниво од 10 август наваму, водејќи сметка за раст од 0,6%. Во претходната сесија Реперот достигна до највисоко ниво за последните две недели.
Акциите на технолошкиот „Samsung Electronics“ поскапеа за над 3% пред претставувањето на податоците за добивката на компанијата во средата.
Единствено индексот на Хонгконг „Hang Seng“ затвори со пад од 0,4%, откако претходно во сесијата ги достигна највисоките вредности за последни две недели од 22 000 поени.
Казината ја продолжија победничката серија четврти ден. Цената на акциите на „Melco International“ скокнаа за 7%, а оние на „Sands China“ за 6%. Акциите на „Wynn Macau“ исто така поскапеа за 5,7% како резултат на годишниот раст од 10% на бројот на посетителите од континентот во текот на првите три дена од викендите, познати како „Златната недела“.
