Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Зеит“: Ангела Меркел одби да присуствува на Маршот на победата во Москва

„Зеит“: Ангела Меркел одби да присуствува на Маршот на победата во Москва
Германската канцеларка ќе ја посети Русија на 10 мај, за да положи венец пред споменикот на „Непознатиот воин“. Канцеларката на Германија Ангела Меркел соопшти дека нема да присуствува на Маршот на победата на 9 мај во Москва по повод 70-годишнината од победата на сојузниците над Хитлерова Германија, соопшти „Зеит“. Според зборовите на Меркел немала можност да присуствува на прославата поради кризата во Украина. Германската канцеларка  ќе слета во руската престолнина следниот ден - 10 мај и заедно со Владимир Путин ќе положат венец пред споменикот на Непознатиот воин. Засега сеуште нема официјално соопштение од владата во Берлин по ова прашање. Досега само од Вашингтон најавија дека Барак Обама нема да ја посети Москва на 9 мај.
Слично

Поврзани вести