Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жедни навивачи: Русија остана без пиво

Жедни навивачи: Русија остана без пиво

Голем број фанови на фудбалот од цел свет периодов се во Русија каде се одржува Светското првенство, па покрај натпреварите во 11 градови ширум земјата се организирани и голем број настани за посетителите.

Покрај добрата забава, сега Русите се соочуваат со нов проблем, а тоа е недостатокот на пиво.  Иако околу 100 шлепери со пиво дневно го напуштаат производствениот погон, тие сепак не можат да ги задоволат потребите на туристите.

Оваа ситуација ја искористи пиварата „Егер“ од Австрија која веќе пушти 20 шлепери со пиво во Русија и според тврдењата на директорот за маркетинг и продажба Бернхард Посер ова е само почеток на добра соработка, која во иднина ќе добесе голем профит за компанијата.

Слично

Поврзани вести