Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здружение за заштита на животните бара дом за 300 – стаорци!

Здружение за заштита на животните бара дом за 300 – стаорци!
Здружението за заштита на животните Грејтер Дејтон од САД има работа преку глава во обид да евакуира 300 стаорци од гарсоњера во Охајо. За стаорците бара некој да ги вдоми. Некои од бројната група глодари биле затворени во кафез, но други слободно трчкале низ станот, правеле дупки низ ѕидовите и душеците, рекла претставничката на Здружението Шила Марки. Таа најави дека Здружението ќе ги стави стаорците на сигурно додека не им најде нов дом. Сопственикот на стаорците се обратил до Здружението откако бил избркан од станот затоа што соседите веќе не можеле да ги поднесат неговите необични домашни миленици. Се започнало со еден пар стаорци стари три месеци, но Дамбо и Фенси неколкупати годишно имале по 13 и повеќе младенчиња. Откако го избркале од станот сопственикот признал дека веќе не може да се грижи за нив, а против него нема да биде покренато обвинение бидејќи се чини дека добро се грижел за глодарите.  
Слично

Поврзани вести