ЗДРАВСТВОТО КОЛАБИРА: Бараат и заразените лекари да се вратат на работа
Во Белгија се бара заразените лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс.
Ова се бара во белгискиот град Лиеж, пренесува Би-би-си.
Околу една четвртина од медицинскиот персонал во градот е заразен со коронавирус, а денес 10 болници во тој град побарале од заразениот персонал да продолжи да работи, ако немаат симптоми.
Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати, д-р Филипе Девос, за Би-би-си изјавил дека немаат друг избор ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем во рок од неколку денови.
Девос тврди и дека постои очигледен ризик дека лекарите и другиот инфициран медицински персонал можат да заразат пациенти.
Околу една третина од тестовите се покажаа позитивни, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата.
Пред неколку дена белгискиот министер за здравство Франк Ванденбруке објави дека земјата се приближува кон „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите „повеќе не ја контролираат ситуацијата“.
