Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ИЛИ БОЛНИ ИЛИ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Здравството во Европа потклекнува поради брзото ширење на омикрон

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ИЛИ БОЛНИ ИЛИ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Здравството во Европа потклекнува поради брзото ширење на омикрон

Ескпертите во Европа предупредуваат дека пикот на инфекцијата со омикрон варијантата допрва ќе следи. И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација е помал, здравствените системи повеќе европски земји: Шпанија, Велика Британија, Италија, Холандија, Хрватска, Словенија....севеќе  во неповолна положба бидејќи многу голем дел од медицинскиот кадар или е заразен или во изолација. Велика Британија во петокот почна да распоредува воен персонал за да им помогне на болниците кои немаат доволно персонал и се под голем притисок поради големиот број пациенти.

Во Англија, речиси 80.000 здравствени работници отсуствувале од работа секој ден во неделата до 2 јануари, што е за 13 отсто повеќе од една недела порано, покажуваат податоците на NHS. Скоро половина од нив, 44 проценти, се должат на Ковид-19, што е повеќе од една петтина повеќе од една недела порано. Примарната здравствена заштита на Шпанија е под толку голем притисок што на претпоследниот ден од 2021 година, властите во североисточниот регион Арагон одобрија ангажирање на пензионирани здравствени работници и медицински сестри.

Во Холандија, бројот на заразени меѓу болничкиот персонал исто така нагло се зголемува, особено кај медицинските сестри и негувателите, објави во петокот Де Телеграф, кој спроведе истражување во осум болници. Во пресрет на Божиќ во некои од најтешко погодените болници, секој четврти тестиран бил позитивен, а во Универзитетскиот медицински центар во Амстердам сега се позитивни 25 отсто од вработените, што е повеќе од пет отсто пред една недела.

Во Италија, проблемот со заразените здравствени работници, над 12.800 според податоците од минатата недела, се влошува со суспензијата на невакцинирани лекари, медицински сестри и административен персонал, кои сочинуваат повеќе од четири отсто од вкупната работна сила. 


Слично

Поврзани вести