Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ КОЛАБИРА: Њу Делхи се затвора на шест дена

ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ КОЛАБИРА: Њу Делхи се затвора на шест дена

Индискиот град Њу Делхи се затвора на шест дена поради рекордно зголемување на инфекциите со коронавирусот. 

Индија денеска потврди рекордни нови 273.810 случаи на коронавирусот. Починале 1.619 лица, најмногу досега во текот на еден ден, a вкупно 178.769.

Градот се затвора во понеделник вечер на шест дена поради рекордниот пораст на инфекции со коронавирус и колапс на здравствениот систем.

„Во Њу Делхи, град со повеќе од 20 милиони жители, помалку од сто кревети се достапни на интензивна нега“, изјави министерот Арвинг Кеџривал.

Во болниците нема слободни кревети, кислород и клучни лекови, а вкупниот број на инфекции надмина 15 милиони. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести