ЗДРАВИ ДОБРОВОЛЦИ ЌЕ СЕ ЗАРАЗУВААТ СО КОРОНА - еве која е главната цел
Британските истражувачи се подготвуваат да почнат контроверзен експеримент во кој ќе инфицираат здрави доброволци со новиот коронавирус со цел подобро да ја проучат болеста и да го забрзаат развојот на вакцина, пренесе МИА.
Владата на Велика Британија најави дека ќе вложи 33,6 милиони фунти.
Кралскиот колеџ Лондон денеска соопшти дека во истражувањето ќе бидат вклучени доброволци од 18 до 30 години.
„Никогаш не е лесно намерното заразување на доброволци со познат човечки патоген“, изјави професор Питер Опеншоу, додавајќи оти таквите студии овозможуваат исклучително важни информации за болеста.
Во првата фаза од студијата, истражувачите ќе се обидат да го утврдат најмалото ниво на изложеност потребно за предизвикување на болеста, а потоа ќе го користат истиот метод на предизвик за да проучат како потенцијалните вакцини дејствуваат во телото, имунолошкиот одговор на телото и потенцијалните третмани.
