ЗБРКА ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Информатичарите на сајтот пласирале тајна информација за името
Раѓањето на принцот крена огромна прашина во светот. Секаде се шпекулира за името на новородениот принц и обожавателите прогнозираат во обложувалниците.
Но, настана голем проблем поради веројатноста сајтот на кралското семејство веќе да го соопшти името на бебето.
Имено, кога посетителите на сајтот на Кенсингтонската палата ја пребаруваат адресата за принц Алберт (https://www.royal.uk/prince-albert) ја добиваат истата порака како што ја добиваат кога ги отвораат страниците со имињата на принцезата Шарлот и принцот Џорџ (Access denied. You are not authorized to access this page). А кога ги пребаруваат адресите со другите имиња кои се фаворити (Алфред, Артур), наидуваат на поразлична порака (Page not found. The requested page could not be found.)

