Заврши втората работна седница на средбата на врвот на Г-20
Лидерите на земјите од Г-20 ја завршија втората работна седница на средбата на врвот во Санкт Петербург.
Седницата беше посветена на темата „Инвестиции во стимулирање на економскиот раст и отворање на работни места“.
По обраќањето на домаќинот на форумот рускиот претседател Владимир Путин се одржа дискусија во траење од еден час и половина.
Веднаш потоа 34-те шефови на националните делегации и меѓународни организации направија заедничка фотографија, по што започна затворената фаза на дискусиите на Г-20 во Константиновскиот дворец.
Завршна прес-конференција ќе одржи Путин, а потоа и другите лидери на Г-20.
Слично
