Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши штедењето на Eвропската комисија

Заврши штедењето на Eвропската комисија
Укинување на програмата за ограничување на буџетската потрошувачка најави Европската комисија, бидејќи Франција и Шпанија не го остварија саканото намалување на буџетскиот дефицит. Задолженоста на членките на еврозоната се зголемува, но, и покрај тоа, притисокот врз Париз и Мадрид наскоро би можел да попушти, бидејќи Европската комисија најавува намалување на острите мерки за штедење. Европската комисија, која наведе дека сака да стави крај на ограничувањето на буџетската потрошувачка, која доведе до рецесија, зголемена невработеност и забавување на економскиот раст. Промената на политиката на Европската комисија ја поздравија и големите европски економии. Шпанија и Франција не ги исполнија буџетските цели минатата година. Сега за нивното исполнување, тие ќе имаат повеќе време. Тоа, според аналитичарите е одличен потег. Покрај Шпанија и Франција, Кипар и останати земји како него можат да се надеваат на позитивни промени поради укинување на ригорозните мерки за штедење.
Слично

Поврзани вести