Заврши примирјето во Украина, пак почнаа крвопролевања!
Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска објави дека примирјето завршува и оти повторно покренува воени операции против проруските сепаратисти во источните делови на Украина.
Порошенко го најави ова само неколку часа откако и временски истече рокот за примирјето кое требаше да отвори пат за мировни преговори.
„Ќе ги нападнеме и ќе ја ослободиме својата земја. Одлуката примирјето да не продолжи е наш одговор за терористите, милитантите и разбојниците“, рече Порошенко.
Едностраниот привремен мир во Украина истече ноќеска, а имаше за цел да им даде шанса на сепаратистите да се разоружаат и да започнат мировен процес. Меѓутоа, тие не го сторија тоа бидејќи не се согласуваат со барањата на Порошенко да ја предадат контролата врз граничните премини кон Русија и да дозволат меѓународно набљудување на примирјето.
Киев ги обвини сепаратистите дека во неколку наврати и го прекршиле воспоставениот мир, а откако примирјето било прогласено на 20 јуни, биле убиени 27 украински војници.
Слично
