Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши најголемата размена на заробеници на истокот во Украина

Заврши најголемата размена на заробеници на истокот во Украина
Најголемата размена на заробеници од почетокот на конфликтот на истокот во Украина заврши вечерва, јави руската агенција „Тасс“, наведувајќи дека биле разменети 222 припадници на проруските сили и 150 украински војници. Размената била извршена на неутрален терен помеѓу секторот кој е под контрола на завојуваните страни, а самата процедура била завршена во 20 часот и 20 минути по московско време. „За време на размената немаше инциденти и сите служби работеа во координација“, рекла Дарија Морозова, омбудсман за човекови права на самопрогласената Донецка Народна Република. Договорот за размена на заробениците следеше по мировните разговори на пратениците на Украина, Русија, проруските активисти и ОБСЕ, што се одржаа во средата. Размената на затвореници е еден од условите на мировниот протокол од 12 точки, кој опфаќа и прекин на огнот, договорен во септември.
Слично

Поврзани вести