ЗАВРШИ КАКО НЕГОВИТЕ ЖРТВИ: Џелатот на ИД пронајден со отсечена глава
Високиот припадник на полициските сили на „Исламската држава“ во Сирија, кој беше задолжен за „сечење глави“, пронајден е обезглавен исто како и неговите жртви, во источната провинција Деир ал Зор, соопштила Сириската опсерваторија за човекови права чие седиште е во Лондон.
Убиениот џихадист е египетски државјанин и бил познат како „емир“ силата на Хезболах во оваа провинција, се вели во соопштението. Телото на егзекуторот, на коe имало видливи траги на мачење, било пронајдено во близина на електраната во градот Мајадин.
На лешот на полицаецот, кој во устата имал цигара била напишана порака „Ова е зло, ти, шеику“.
Во случаите на видео – снимките на кои е снимена егзекуцијата на американските новинари, кои беа објавени на интернет, како џелат се претставува маскирано лице кое говори англиски со изразит британски акцент и кого медиумите го нарекоа „Џихад Џон“.
Засега не е јасно кој е одговорен за ова убиство. Жителите од оваа област, која е под контрола на „Исламската држава“, рекле дека групата забранила пушење на јавни места.
Опсерваторијата потсетува дека неодамна непознати напаѓачи, се обидоа да убијат двајца милитанти на „Исламската држава“ во Мајадин.
Следбениците на „Исламската држава“ се борат против останатите бунтовници во Сирија и против локалната популација, а често убиваат и припадници од своите редови кои не се придржуваат до нивните прописи.
Слично
