Заврши гласањето на шкотскиот референдум, гласачките ливчиња го кријат одговорот
Гласачките места во Шкотска се затворени. Заврши изјаснувањето на граѓаните за референдумот за независност и отцепување од Велика Британија.
Резултатите се очекуваат со голема неизвесност, со оглед на тоа што до последен момент разликата меѓу двата табора „за“ и „против“ независноста беше изедначена.
Сепак, првичните резултати од излезните анкети покажуваат блага предност на опцијата која се залага Шкотска да остане во рамките на Обединетото Кралство.
Така, според анкетата што ја направила рејтинг агенцијата Ипсос Мори на излезот од гласачките места, 53% од испитаниците гласале „ПРОТИВ“, додека 47% биле „ЗА“. Излезноста на гласачите била повисока од 90%, што е апсолутен историски рекорд во Велика Британија.
Официјалните резултати се очекува да бидат објавени утре рано наутро.Во очекување на исходот, шкотските пабови ноќеска ќе работат цела ноќ.
Според најавите, британскиот премиер Дејвид Камерон се очекува утре да и се обрати на нацијата со првите оценки на референдумските резултати.
Слично
