Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши драмата на „Норман Атлантик“ – билансот е 8 мртви и 38 исчезнати

Заврши драмата на „Норман Атлантик“ – билансот е 8 мртви и 38 исчезнати
Откако беа евакуирани сите преживеани патници на опожарениот фериброд „Норман Атлантик“ италијанските спасувачки екипи продолжија да го пребаруваат пловилото во кое изби пожар додека пловеше во Јадранското Море. Според оригиналниот список на патници во бродот за време на несреќата патувале 478 лица. Од нив спасени се 427, вклучувајќи и 56 членови на екипажот, а за осум лица веќе се знае дека се мртви, соопшти италијанскиот министер за транспорт, Маурицио Лупи. Во исто време, грчката крајбрежна стража соопшти дека судбината на 38 лица се уште е непозната. Лупи изјави дека рано е да се шпекулира дали ќе има уште исчезнати луѓе, но е можно да има лица, кои резервирале место на фериботот, но не тргнале на патувањето.    
Слично

Поврзани вести