Заврши денешната рунда преговори меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби - се огласи Зеленски
Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми.
Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми.
Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и разгледуваат неколку документи за мирот во Украина, додавајќи дека „се разгледуваат и територии и гаранции и други аспекти“.
Официјални лица потврдија дека ова беше првиот состанок од почетокот на војната, пред речиси четири години, на кој присуствуваат сите три земји.
Разговорите меѓу украинската, руската и американската делегација во Абу Даби за постигнување мирно решение за Украина, кои започнаа вчера, продолжија утрово, исто така зад затворени врати.
По завршувањето на преговорите преку социјалните мрежи се огласи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и посочи дека разговорите биле конструктивни и откри кога би можеле да следат нови состаноци
- Нашата делегација поднесе извештај; состаноците во ОАЕ завршија. Ова беше прв формат од ваков вид по долго време: дводневни трилатерални состаноци. Беа дискутирани многу теми и важно е што разговорите беа конструктивни.“ Во преговорите учествуваа и воени претставници од сите три страни. Од украинска страна, на денешните разговори присуствуваа: Рустем Умеров, Кирило Буданов, Андриј Хнатов, Давид Арахамија, Серхиј Кислиќја и Вадим Скибицкиј. Американската страна ја претставуваа: Стив Виткоф, Џаред Кушнер, Ден Дрискол, Алексус Гринкевичи и Џош Грунбаум. Руската страна ја претставуваа членови на нивното воено разузнавање и вооружени сили - напиша Зеленски на X.
Како што резимираше, беа разгледани можните параметри за завршување на војната, а беа покренати и некои прашања, кои ќе бидат разгледани на следните состаноци.
- Високо го ценам разбирањето за потребата од американско следење и надзор на процесот на завршување на војната и обезбедување вистинска безбедност. Американската страна го покрена прашањето за можните формати за формализирање на параметрите за завршување на војната, како и безбедносните услови потребни за нејзино спроведување.
Како резултат на состаноците одржани овие денови, сите страни се согласија да известуваат во своите главни градови за секој аспект од преговорите и да ги координираат понатамошните чекори со своите лидери. „Воените претставници идентификуваа список на прашања за евентуален следен состанок“ - истакна Зеленски и додаде дека нови состаноци би можеле да се одржат веќе следната недела.
- Доколку има подготвеност за понатамошен напредок - а Украина е подготвена - нови состаноци би можеле да се одржат веќе следната недела.“ Очекувам личен извештај од делегацијата по нивното враќање. „Им благодарам на Обединетите Арапски Емирати, а особено на претседателот на Емиратите, за нивното посредништво и подготвеност да бидат домаќини на идните состаноци“ - заклучи тој на X.
Our delegation delivered a report; the meetings in the UAE have concluded. And this was the first format of this kind in quite some time: two days of trilateral meetings. A lot was discussed, and it is important that the conversations were constructive.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 24, 2026
The negotiations also…
Тој потсети дека Киев е под зголемен притисок да направи отстапки, со што би се постигнал мировен договор во војната. Русија не се откажала од инсистирањето Украина да го предаде целиот свој источен дел од Донбас - индустриското срце на Украина кое се состои од регионите Донецк и Луганск, а украинската страна одбива да им го предаде.
Американскиот пратеник Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, како и секретарот на армијата во Министерството за одбрана на САД, генерал Даниел Дрискол, исто така учествуваа на трилатералните разговори во Абу Даби, а по средбата тие веднаш отпатуваа за Израел, каде ќе разговараат за иднината на Газа.
Фото: Принтскрин/Икс
