Зависни се од рускиот гас и затоа Молдавија нема да воведе санкции за Русија
Молдавија нема да воведе санкции за Русија.
Властите велат дека ако ја остават земјата без гориво, и ако се случи дестабилизација, тоа нема да помогне никому. Додаваат дека ниту Молдавија, ниту Украина, ниту нашите западни партнери“ нема да имаат корист од таа ситуација.
Претседателката Маја Санду изјави дека Владата во Молдавија ќе го задржи неутралниот став и нема да се приклучи на санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина.
„„Можеме ли да си дозволиме да ја оставиме нашата земја без природен гас или струја? Не, не можеме, поради нашите граѓани и поради 100.000 украински бегалци, меѓу кои и 50.000 деца“, рече Санду.
Молдавија сега нема пристап до пазарите на Украина, Русија и Белорусија.
Јапонија пак е земја која најави дека нема да се откаже од рускиот гас.
Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, Западот воведе серија санкции.
