Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвореник на ИСИС раскажува за тортурата што ја трпел во заробеништво на џихадистите

Затвореник на ИСИС раскажува за тортурата што ја трпел во заробеништво на џихадистите

Поранешен дански затвореник на Исламската Држава раскажува за своите денови поминати во заробеништво на џихадистите.

Даниел Реј, 26-годишниот фотограф од Данска, помина повеќе од една година во заробеништво на ИСИС.

Во интервју за данска телевизија тој зборува за се што преживеал додека бил заробеник на џелатот Џихади Џон, кој го опиша како бизарен садист.

„Само ќе ме грабнеше и морав со него да играм танго… Главата ми висеше и се плашев дека ќе ме претепа. Ме носеше така по затворот, а потоа одеднаш само ќе ме фрлеше на подот, па ќе ме шутираше и тепаше. На крајот ми се закануваше дека ќе ми го искорне носот со клешти и слични предмети“, раскажува Рај.

Тој беше заложник на ИСИС од мај 2013 година до јуни 2014, понекогаш заедно и со други странски затвореници, како американецот Џејмс Фоли.

Рај беше ослободен од џихадистите, наводно за голем поткуп што го платил неговото семјество, два месеци пред обезглавувањето на Фоли што беше прикажано во првата серија од хоророт на видеата на ИСИС.

Слично

Поврзани вести