ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА, ПАРКОВИ, УСТАНОВИ: Италија ќе ја погоди невреме
Најавено е невреме, а Италија презема мерки за да се заштити.
Училиштата и јавните установи во јужна Италија се затворени како дел од мерките на претпазливост што денеска стапија на сила.
Градоначалникот на Неапол Гаетано Манфреди одлучил да ги затвори и повеќето гробишта и паркови поради опасност од паѓање на дрвја и паѓање гранки.
Цивилната заштита го подигнала нивото на ризик од катастрофи за јужната италијанска провинција Кампанија.Метеоролозите очекуваат невреме и обилни дождови.
Пожарникарите на Сардинија 50 пати излегле на терен на западниот брег на островот поради невреме во последните 12 часа. Од поплавите е погоден и регионот Ористано на Сардинија.
Минатиот месец во Италија имаше невреме во кога загинаа луѓе.
