Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворени училишта и илјадници претплатници без струја по невремето во северна Англија

Затворени училишта и илјадници претплатници без струја по невремето во северна Англија

Училиштата и медицинските служби остануваат затворени во деловите од северна Англија, додека службата за вонредни ситуации продолжува да се бори со последиците од невремето „Дезмонд“.

Илјадници домови во Кембрич се уште се без електрична енергија, а армијата втор ден по ред продолжува да евакуира луѓе во градовите Карлајл, Кесуик и Апилби. Електричната компанија во регионот, објави дека околу 45 илјади претплатници останале без електрична енергија по бурата.

Во неделата земјата беше погодена од поројни дождови и силни ветрови, а метеоролозите очекуваат нови дождови подоцна оваа недела.

Денеска се очекува, премиерот да свика состанок на комисијата за вонредни ситуации, за да се разговара за активностите за справување со последиците од поплавите.

Слично

Поврзани вести