ЗАТВОРЕНИ РЕСТОРАНИ, УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ: Престолнина цели 11 дена ќе биде во локдаун
Руската престолнина Москва цели 11 дена ќе биде во локдаун, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Владата денеска објави нов рекорд од 40.096 заразени и 1.159 смртни случаи.
Последниве седмици, дневниот број на заразени и починати беше најголем до сега од почетокот на пандемијата.
Властите беа принудени да ги затворат сите ирелевантни служби во Москва со почеток од денеска се до 7 ноември. Затворени се продавници, ресторани, спортски сали, дискотеки, училишта и градинки. Отворени се само продавниците за храна, лекови и основни потреби за живот. Само 32 отсто од руската популација досега е целосно вакцинирана.
Москва влезе во режим на неработни денови. Многу Руси одлучиле дека сега е идеално време да одат во странство за одмор на плажа, наместо да останат дома.
Во Москва повторно може да се видат луѓе во заштитни одела кои ги дезинфицираат улиците.
Русија беше првата земја на светот која разви и одобри вакцина против вирусот.
