ЗАТВОРЕНИ ДИСКОТЕКИ, ВРАТЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ОГРАНИЧУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ: Шпанија ги заострува мерките поради експанзија на делта сојот
Се заоструваат рестрикциите во Шпанија. Земјата воведува нови мерки поради ширењето на делта сојот.
Дел од шпанските региони постепено се затвораат. Дискотеките нема да работат повторно, работното време на продавниците е ограничено, како и бројот на клиенти, а полицискиот час е вратен. Негативен антиген или ПЦР тест е потребен за присуство на настани на отворено каде што се собираат повеќе од 500 луѓе. Валенсија повторно воведе полициски час од 1 до 6 часот наутро и ограничен на 10 учесници на 32 собири со повеќе од 5.000 жители.
Каталонија од регионалното судство ќе побара зелено светло за воведување полициски час во најпогодените градови, вклучително и Барселона.
Повеќе земји во светот се соочуваат со раст на бројот на заболени и ги враќаат рестрикциите.
