Затруена пченка со афлатоксин откриена и во Белгија
Vо Белгија е откриено присуство на афлатоксин во пченка која е увезена од германски дистрибутер преку Холандија, објави Белгиската федерална агенција за безбедност на храната (FASFC), пишуваат белгиските медиуми.
Во соопштението на Агенцијата се наведува дека на 1 март добила информација од германските власти дека е откриено присуството на афлатоксин во пченка со потекло од Централна Европа, што се увезува во Германија и Холандија, по што е утврдено зголемено присуство на овој токсин во испотаните мостри.
Според Агецијата, дел од контингентот бил испорачан преку Холандија, а другиот дел веќе завршил во белгиска фабрика за преработка на сточна храна.
„По оваа информација Агенцијата ја блокира испорака на 53.000 тони контаминираната пченка и соопшти дека нема опасност по населението“, објавија медиумите.
Слично
