ЗАСТРЕЛАНИ ДОДЕКА СИ ИГРАЛЕ ВО СНЕГ - две дечиња загинаа во Минеаполис
Две деца чија возраст засега не е утврдена, вчера во Минеаполис, биле застрелани додека си играле во снегот.
Непотврдени информации говорат дека е можно осомничениот маж за убиството да држи некого како заложник. Момчињата веројатно играле во снегот пред куќата кога, нешто по 10 часот по локално време, напаѓачот пукал кон нив. Полицијата верува оти има повеќе луѓе во куќата и дека се чини оти станува збор за заложничка ситуација.
Според АП, полицајците кои ги пронашле телата на момчињата слушнале истрели во близина. А според порталот „МПР њуз“, преговарачи пристигнале на местото на настанот, но дека досега никој од куќата не се огласил.
Слично
