Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАСТРЕЛАНА ЖЕНА ВО ТОЛПАТА НА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ТРАМП: Тој само твитна-Тоа се случува кога изборната победа е злобно украдена

ЗАСТРЕЛАНА ЖЕНА ВО ТОЛПАТА НА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ТРАМП: Тој само твитна-Тоа се случува кога изборната победа е злобно украдена

Една жена беше застрелана во вратот и набрзо потоа почина. Неидентикуваната жена беше дел од протрамповската маса демонстранти при упадот во зградата на американскиот Конгрес за време на заседавањето на Сенатот и Претставничкиот дом на формализирање на резултатите од претседателските избори во ноември, на кои победи Џо Бајден.

Насилните демонстранти кои се обидуваа да го спречат формализирањето на резултатите ги пробија полициските барикади околу Конгресот и влегоа во зградата, а потоа се шетаа и се фотографираа низ салите и канцелариите. За тоа време, сенаторите и конгресмените, како и потпретседателот Мајк Пенс беа евакуирани. Подоцна, се случи инцидентот, односно пред главната врата на конгресната сала беше застрелана неидентификувана жена во вратот. Во големите нереди повредени се и неколку полицајци, а најмалку еден е хоспитализиран.

Трамп, на вчерашниот митинг пред Белата куќа, ги повтори неговите тврдења дека му била украдена победата на претседателските избори. По немилиот инцидент тој само твитна:

Тоа се случува кога изборна победа е злобно украдена. Запомнете го денешниот ден засекогаш.


Слично

Поврзани вести