Економија, финансии, бизнис

Контакт

Застрелан полицаец пред резиденцијата на Оланд

Застрелан полицаец пред резиденцијата на Оланд
Пред резиденцијата на францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз возач на автомобил со огнено оружје застрелал еден полициски службеник, јавуваат денес француските медиуми кои додаваат дека веднаш по инцидентот биле уапсени две лица кои се сомничат дека се сторители на нападот. Автомобилот, во средата вечерта се движел во погрешна насока на еднонасочна улица во близина на Елисејската палата, а возачот потоа намерно пукал кон униформираното лице, кое се здобило со прострелна рана по што веднаш било префрлено во болница, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Во возилото кое веднаш го напуштило местото на инцидентот се наоѓале четири лица, а досега две од нив се уапсени. Инцидентот се случил за време додека Франција го подигна нивото на безбедност по минатонеделните напади на исламистичките екстремисти во главниот град, во кои беа убиени 17 лица. Засега, не е познато дали најновиот инцидент е поврзан со нападите од минатата недела, наведува британската агенција. Оланд во текот на вчерашниот дена истакна дека „Шарли Ебдо е жив и дека ќе продолжи да живее“, откако овој сатиричен неделен магазин го објави првиот број по исламистичките напади на неговата редакција во Париз., „Може да ги убивате луѓето, но никогаш не можете да ги убиете нивните идеи“, нагласил Оланд.
Слично

Поврзани вести