Економија, финансии, бизнис

Контакт

Застрелан писател во Јордан - го исмевал исламот

Застрелан писател во Јордан - го исмевал исламот

Јорданскиот писател Нахед Хатар е убиен пред суд во главниот град Аман, каде се појавил за покрената тужба поради споделена карикатура на Фејсбук во која го исмева исламот. 

56-годишниот Хатар бил застрелан со три куршуми, а убиецот е фатен.

Хатар кој е христијанин, е уапсен на 13 август, откако споделил на Фејсбук карикатура која  покажува џихадист во рајот. Тој бил опкружен од две жени и се однесувал кон Господ како кон обичен слуга. Заповеда да му донесе чаша вино и ореви и наредува да биде испратена чистачка во неговата соба. Му дава забелешка на Бога, дека треба да чука пред да влезе. Карикатурата е насловена „Богот на ДАЕШ". 

Јорданските власти го обвинија Хатар за поттикнување на верски расправии и навреда кон исламот, но во почетокот на септември го ослободија со кауција.

По бранот незадоволство на социјалните мрежи, Хатар ја избришал од профилот карикатурата на која тој не е автор. Се обидел да објасни дека делото ги исмева терористите и начинот на кој тие си ги замислуваат Господ и рајот.


Слично

Поврзани вести