Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАСТРАШУВАЧКИ ГЛЕТКИ: Најмалку 112 загинати во пожарите во Чиле, се стравува дека бројката може да биде поголема (ВИДЕО)

ЗАСТРАШУВАЧКИ ГЛЕТКИ: Најмалку 112 загинати во пожарите во Чиле, се стравува дека бројката може да биде поголема (ВИДЕО)

Најмалку 112 лица загинаа во шумските пожари што го опустошија регионот Валпараисо во централно Чиле, според најновиот биланс на жртви, соопштија локалните власти.

Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде поголем, додека пожарникарите изутринава продолжиле со гаснење на 40 активни пожари.

Околу 1.400 пожарникари и 1.300 војници и доброволци четврти ден по ред беа ангажирани во гаснењето на шумските пожари кои го зафатија централниот и јужниот дел на Чиле.


Претседателот Габриел Бориќ, кој во неделата ги посети погодените области, рече дека тоа е една од најголемите трагедии од 2010 година, кога земјата беше погодена од земјотрес во кој загинаа повеќе од 500 луѓе.

Помеѓу 3.000 и 6.000 куќи беа оштетени или уништени во пожарите. Уништени се околу 43.000 хектари шуми.

Пожарот го зафати и популарното летувалиште Виња дел Мар, каде е врв на летната сезона и каде се забележани екстремно високи температури.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести