Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засега без слободна зона на Пацификот

Засега без слободна зона на Пацификот
САД и уште 11 држави од брегот на Тихиот океан не успеаја да постигнат конечен договор за зона за слободна трговија која би се протегала од Чиле до Јапонија. Овие 12 земји минатиот викенд се сретнаа во Сингапур, во настојување, до крајот на годинава, да го запечатат Транспацифичкиот трговски пакт, но аналитичаритее и пред почетокот на самиот состанок тврдеа дека постојат мали шанси, договорот за предложеното Транспацифичко партнерство (ТПП) да биде постигнат, пренесува агенцијата АП. Иницијатор на ТПП беа САД и тој проект е клучен сегмент во заокружувањето на надворешната политика на САД кон Азија. Меѓуто, несогласувањата на земјите околу пристапот на пазарот, заштитата на животната средина и интелектуалната сопственост, доведоа до тоа да не дојде постигнување договор околу ТПП. Сепак, министрите за трговија во заедничко соопштение порачаа дека е остварен значителен напредок. За ТПП преговараа 12 држави, Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам, кои заедно сочинуваат 40 отсто од глобалната економија.  
Слично

Поврзани вести