Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заседа кај паднатиот авион МХ 17, најмалку 14 мртви!

Заседа кај паднатиот авион МХ 17, најмалку 14 мртви!
Проруските сепаратисти од заседа нападнале конвој на украинската војска и убиле најмалку 14 војници, во близина на местото на падот на малезискиот авион од летот МХ 17. Иако на подрачјето на кое се наоѓаат остатоците на  авионот требаше да бидат запрени воените дејствија за да се спроведе истрага, сепак сепаратистите наводно уништиле повеќе од 30 возила кои биле во конвојот и успеале да убијат најмалку 14-тина украински војници. На интернет се појавиле и снимки на кои се гледаат сцени од хаос на автопатот, но веродостојноста на снимките не е потврдена. „Знаеме дека вкупно загинаа 14 лица, но идентитетот на четворица од загинатите уште не е потврден, па не знаеме дали се работи за украински војници или терористи. Затоа според нашите официјални информации и натаму зборуваме за 10 загинати војници“, изјавил портпаролот на украинската војска Олексиј Дмитрашкивски.  
Слично

Поврзани вести