„ЗАРАЗНОТО“ СМЕЕЊЕ НА КАМАЛА ХАРИС ГО ОСВОИ ПУТИН: Тој ја поддржува демократската кандидатка
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја
поддржува демократската кандидатка Камала Харис за американските избори во
ноември.
„Реков дека наш фаворит е актуелниот претседател, господинот Бајден, тој беше отстранет од трката, но тој им препорача на своите поддржувачи да ја поддржат г-ѓа Харис, па и ние ќе го направиме истото, ќе ја поддржиме“, рече Путин.
Рускиот претседател ова го кажа со својата карактеристична насмевка на Економскиот форум во Владивосток.
„На крајот на денот, изборот е на американскиот народ и ние ќе го почитуваме. Што се однесува до фаворитите, тоа не е наше да го одредиме. На крајот на краиштата, тоа е избор на американскиот народ. “, додаде Путин, кој го коментираше и она што републиканскиот кандидат Доналд Трамп често го коментира за својот противник – нејзината смеа.
И додека на Трамп навистина не му се допаѓа заразното смеење на Камала Харис, рускиот претседател има поинакво мислење.
„Ако има таква заразна насмевка, сè е во ред со неа“, рече Путин.
