Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заразен маж се облекол во никаб и се качил во авион

Заразен маж се облекол во никаб и се качил во авион

Индонезиец заразен со коронавирус се маскирал како својата сопруга и се качил во авион. 

Сепак тој е откриен откако авионот полетал.  Човекот носел никаб, облека што ја користат жените во муслиманските држави за да ги покријат лицата, а со себе ги имал пасошот на неговата сопруга и нејзиниот негативен тест за коронавирус.  Инцидентот се случил на летот Џакарта – Тернате, а можеби и немало да биде откриен доколку не се пресоблекол за време на летот. Една од стјуардесите го забележала дека влегол како жена, а излегол како маж, па го вклучила алармот. Човекот е уапсен,  направен му е тест, се покажало дека е позитивен и е пратен во изолација. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести